Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Thessalonians 3

:
Macedonian - 1990
1 Потоа, браќа, молете Му се на Бога, за нас, та словото Господово да се распространува и да се слави на секое место, како и меѓу вас,
2 и да се избавиме од жестоки и злобни луѓе, бидејќи не сите имаат вера.
3 Но верен е Господ, Кој ќе ве утврди и запази од лукавиот.
4 Ние сме уверени за вас во Господа дека го вршите и дека ќе го вршите она што ви го заповедаме.
5 А Господ нека ги управи срцата ваши кон љубовта Божја и трпението Христово!
6 Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат, кој живее неуредно, а не според преданието, што го добија од нас!
7 Сами знаете како треба да се угледате на нас, бидејќи ние не живеевме неуредно при вас,
8 ниту, пак, при некого јадевме леб дарум, туку работевме со труд и мака дење и ноќе, за да не му додеваме на никого од вас.
9 И не поради тоа што немавме власт, туку за да бидеме пример, та да се угледате на нас.
10 Зашто, кога бевме меѓу вас, ви го заповедавме ова дека кој не сака да работи, нека и не јаде.
11 Но слушаме оти некои од вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи;
12 на таквите им заповедаме и ги молиме во нашиот Господ Исус Христос да работат мирно и да го јадат својот леб.
13 А вие, браќа, не паѓајте со духот, кога вршите добро.
14 Ако некој не ги послуша нашите зборови од ова послание, означете го и не дружете се со него, за да се посрами;
15 но не сметајте го за непријател, туку поучувајте го како брат.
16 А Сам Господ на мирот нека ви даде мир секогаш и во секое дело! Господ нека е со сите вас!
17 Своерачен поздрав од мене, Павла; тоа е белег во секое послание; јас пишувам така:
18 благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!